Испечати

Брза сукана пита

Брза сукана пита

Состојки

  • 500гр. брашно(-+ 100гр.)
  • 200мл. вода
  • 50мл. зејтин
  • 1лаж. сол
  • 50гр. нишесте
  • 1 сув квасец
  • 300гр. сирење
  • масло за попрскување на корите

Подготовка

Одлична брза пита за љубителите на сукано во оваа готвачка авантура можат да се вклучат и оние кои им е слаба страна сукањето.
1. Од состојките за тесто замесуваме средно меко тесто. Тестото го оставаме 15мин. да стаса, од него оделуваме 10 топчиња. Секое топче го расукуваме со големина на тацна го премачкуваме со масло и го посолуваме со нишесте.Вака редиме шест кори една врз друга.Истата постапка ја повторуваме но сега само со 4 кори.
2. Поголемата кора ја сукаме колку што умееме и можеме потенко ја обложуваме во тавче и дробиме сирење на крај попрскуваме масло.Оваа кора треба да ни виси на надвор во средина ја ставаме помалата кора која сме ја исукале и згужвале.На краевите наросуваме со сирење,попрскуваме со масло и покриваме со поголемата кора.
3. Питата ја печеме на 200степени половина час.пред вадење ја попрскуваме со мешавина од вода и масло. Повторно ја враќаме на допеkување уште 10 мин. Оtкако ќе се испече ја вадиме и покриваме со памучна крпа.
На здравје!!!