Мраморен мача колач со банани
Состојки
- 120 гр путер
- 50 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 јајца
- 2 зрели банани
- 100 мл млеко
- 100 гр брашно
- 1/2 пециво
- 1 лажичка мача во прав (зелен чај во прав)
- рендана кора од еден лимон
Подготовка
Овој колач е со интензивен вкус на печени банани, но исто така има слатка и миризлива доза на зелен чај. Содржи многу малку шеќер, а блажината му е посебна од бананите во него. Некако успеав да му создадам и мраморен изглед, ама овој пат во зелена нијанса. Се надевам ќе ви се допадне како и на нас што ни беше вкусен.
Подготовка
1. Путерот кој ни е омекнат на собна температура го матиме со шеќерите.
2. Ги додаваме јајцата едно по едно.
3. Ги пасираме бананите, може и со вилушка да ги згмечиме, ги додаваме кон путерот.
4. Ги додавам млекото, брашното и пецивото па матиме до соединување.
5. Додаваме рендана кора од лимон, соединуваме па смесата ја делиме на два дела.
6. Во едниот дел додаваме мача во прав, соединуваме.
7. Смесата ја распоредуваме наизменично (жолта и зелена смеса) во калап за леб. Поминуваме со нож за да се измешаат малку смесите.
8. Печеме во загреана рерна на 180 степени. Пробуваме со чепкалка, ако е сува испечен е.
9. По желба го наросуваме со шеќер во прав.
Забелешка
Калапот за леб го намрсив само со путер, ама е од материјал што не се лепи ништо на него.