Солена торта од палачинки
Состојки
- 10 палачинки
- 2 јајца
- 1 лајче сол
- прстофат црн бибер
- 200 мл млеко
- 400 гр брашно
- 1 лажица масло
- состојки
- 500 гр салама
- 300 гр кашкавал
- 300 гр кисела павлака
- 4 лажици посолена изварка
- маслинки за декорација
Подготовка
1. Се прават стандардно палачинките и се оставаат да оладат.
2. Кога ке оладат се почнува со филувањето. Сето тоа е по ваш избор што си сакате. Може да се стават кисели краставички, варени јајца, варен морков....
3. Првата палачинка се премачкува со фил(изварка и кисела павлака) па еден ред тенко сечена салама.Втората палачинка се премачкува со фил и се става тенко сечен кашкавал.Третата палачинка пак со фил, салама, па палачинка, фил кашкавал... се додека да се завршат сите палачинки. Последната палачинка се премачкува само со кисела павлака и рендан кашкавал.Се сечe тортата на 16 дела и на секој дел се става маслинка.