Торта со банани(без печење)
Состојки
- Состојки
- 1,2 литар млеко
- 4 пудинг од ванила
- 5 лажици шеќер
- 200 мл кисела павлака (20 %)
- 100 гр млечна чоколада
- 4 банани
- 125 гр несолен путер
- 2 шлаг креми
- 250 гр бисквити
Подготовка
Едноставна торта за приготвување и за јадење.
1.Еден литар млеко се става на оган. На страна се мешаат 4 пудинзи од ванила со 200 милилитри млеко и 5 лажици шеќер. Кога млекото ќе зоврие се додаваат пудунзите и се меша додека да се згусне смесата. Се додава и путерот и се меша додека да се стопи. Овој крем веднаш го префрламе во друг подлабок сад и го мешаме одвреме на време за да олади.
2.Кога е малку оладено се додава 200 милитри кисела павлака и се меша. Потоа се додавааат и искршените бисквити и пак се меша . Бисквитите се кршат на крупно, на пример една бисквита на четири дела.
3. Чоколадата ја сечеме на помали парчиња. Половина од чоколадата се додава кон смесата и грубо се меша. Бидејки смесата сеуште е млака ,дел од чоколадата ќе се стопи, дел ќе остане на парчиња.
4. Округол калап (24 број) се обложува со стреч фолија-најлонска и се истура половина од смесата. Врз ова се редат банани исечени по должина.Врз бананите се додава и останатата чоколада.
5.Врз бананите се додава и втората половина од смесата.Се става во фрижидер да одстои барем 2 часа.
6. Се отстранува обрачот и најлонската фолија и се става тортата врз чинија во која ќе се сервира.
7. Се матат 2 шлаг креми и со нив се филува целата торта.
На здравје.