Мини палачинки (со полнеж од чоколадо)
Состојки
- 2 Белки
- 2 Јајца
- 2г.л. Шеќер
- 200мл Млеко
- 170гр Брашно
- 1 Пециво
- 200гр Чоколадо (исечкано на коцкички)
- по потреба Шеќер во прав
Подготовка
Брзо, лесно и многу вкусно, пробајте ги овие мини палачинки со полнеж од чоколадо кои воодушевуваат со нивниот вкус.
1. Најпрво ги матиме белките до згуснување.
2. Потоа кратко ги миксираме јајцата со шеќерот, па ги додаваме млекото, и на крај брашното измешано со пецивото.
3. Сега на неколку пати додаваме од изматените белки во смесата со јајца...мешаме со шпатула до хомогенизирање.
4. Во малку намрсена тава за палачинки ставаме за секоја палачинка по 1 голема лажица од смесата, ставаме врз смесата по една коцкичка чоколадо, па врз чоколадото веднаш ставаме уште малку од смесата (колку да се покрие чоколадото)
5. Превртуваме од другата страна да се допечат.
6. Готовите мини палачинки ги поросуваме со шеќер во прав
На здравје!