Ајс кафе торта 700 јубилеен рецепт
Состојки
- За 3 безе кори со пречник од 20 см во дијаметар
- 4 белки
- 150гр шеќер
- 1лажица оцет
- состојки за двата фила
- 4 жолчки
- 1лажица мед
- 1 ванила
- 50мл слатка павлака
- 1лажица инстант кафе (Нес)
- 20мл вода за растворање на кафе
- За темниот фил
- 100гр црно чоколадо, 70 % к.м
- 1лажиче рум
- 125 мл слатка павлака
- За светлиот фил
- 25мл слатка павлака
- 100гр бело чоколадо
- 3 лажици кисела павлака (околу 150 g)
Подготовка
1. Вклучете ја рерната на 140 степени. Одделете ги белките од жолчките во два сада Матете ги белките во цврст шам, па додадете оцет и шеќери соединете добро со миксер.
2. Свртете ја големата тава (онаа што доаѓа со рерната 34 х 34 см) наопаку и покријте ја со хартија за печење. Нацртајте 3 кругови со дијаметар од 20 см. Пополнете ги круговите со шприц со изматени белки. Исушете ја кората околу еден час на 140 степени. Ги исушив точно 1 ч. Однадвор, тие станаа жолти и беа суви и не се исушија целосно однатре.
3. Извадете ја кора од рерната, оставете да се излади на собна температура. Ставете ги жолчките, мед и ванилин шеќер и изматете со миксер. Истурете 50 мл течна слатка павлака промешајте со жица за да ја изедначите смесата рамномерно. Ставете на тивок оган и мешајте постојано со жица за да се загрее додека смесата да се згусне како пудинг. Тоа трае околу 10 минути. На крајот на готвењето на кремот, додека е сè уште на оган, додадете веднаш кафе растворено во 20 мл топла вода и добро измешајте.
4. Поделете го кремот на два еднакви делови.
Темен фил- додадете го стопеното црно чоколадо на половина од кремот, доведете до вриење и измешајте со жицата уште 2-3 минути. Извадете од оган и матете уште една минута со миксер. Оставете да се излади на собна температура. Разматете 125 мл павлака, додадете ја кај изладената крема, додадете рум и соединете со миксер.
Светол фил- се додава растопеното бело чоколадо во другата половина од кремот, донесете го до вриење и мешајте со жицата уште 2-3 минути. Извадете од оган и матете уште една минута со миксер. Оставете да се излади на собна температура. Разматете 50 мл павлака и додадете ја на изладениот крем, додајте кисела павлака и соединете со миксер
5. Филување- на две кори со помош на шприц нанесете од светлиот фил, а на една кора од темниот фил
ставете ги една врз друга и декорирајте рустично со остатокот на фил
Ова е мала доза, мала тортичка, одма препорака за подготовка на дупла доза, на оваа исклучително вкусна торта