Лутеница со цепени пиперки
Состојки
- 7 кгр црвена пиперка капија
- 5 кгр црвени домати
- 1 кгр лути пиперки
- 1 чаша шеќер
- 3/4 чаша оцет
- 1 и 1/2 чаши масло
- Сол, бибер, магдонос по вкус.
Подготовка
1. Најпрво црвените домати се лупат и се сечат на парчиња. Се става тенџерето на оган и се прави сос. По потреба поминете ги доматите со стапчест миксер за да добиете мазна смеса.
2. Пиперките се печат, се лупат, и се цепкаат на долги парчиња. Нека отстојат во цедалка 2-3 часа за да се исцедат.
3. Во згуснатиот сос од домати се додаваат цепените пиперки и се меша на оган 30 минути. Потоа се додаваат оцетот, шеќерот, маслото, солта и се крчка уште околу 1 час. Пред крај се додаваат зрна бибер и сецкан магдонос.
Врелата лутеница се збира во жешки тегли.
Напомена – чашата е од 250 мл.