Испечати

Торта малинест облак, со безе кори и маскарпоне сирење(без брашно) - 900 јубилеен рецепт

Торта малинест облак, со безе кори и маскарпоне сирење(без брашно) - 900 јубилеен рецепт

Состојки

  • За корите
  • 8 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 1лажиче оцет
  • 2 пудинг од ванила
  • фил
  • 8 жолчки
  • 8лажици шеќер
  • 700мл млеко
  • 6 полни лажици густин
  • 125гр маскарпоне
  • 150мл слатко кондензирано млеко
  • 100гр црно чоколадо
  • Околу 500 гр свежи малини Ливчиња нане

Подготовка

Драги Мои рецепти, драги мои пријатели, драги посетители на оваа  прекрасна страна,вљубеници во кујната... денес за мојот јубилеј -900 рецепт, ќе ве почестам со прекрасна торта со малини и два фила.

Тука ќе се заблагодарам на сите оние  кои ме следат на странава, на сите мои пријателки, кои ги стекнав тука и кои несебично споделуваат рецепти од своите кујни, на МР, за секој убав збор, па и критика, за секоја добиена награда.

Ја нареков малинест облак, бидејќи не содржи брашно, путер или маргарин...

Тотално летно уживање е тортава.

Прво во една вангличка ги ставаме 4 белки
Матиме со миксер и постепено додаваме 6 лажици шеќер, 1/2 лажиче оцет. И на крај 1 прашок за пудинг од ванила
Соединуваме лесно со шпатула
Смесата ја распоредуваме врз хартија за печење
Печиме околу 30м на тивок оган, на 150 с
На ист начин ја подготвуваме и 2 кора.
Оставаме да се изладат

Сега во тенџере ги ставаме млеко, шеќер, густин, жолчки
Со жица ја соединуваме цела смеса
Вариме на мноогу тивок оган до згуснување.
Оставаме покриено со фолија да се излади кремот
Во друг сад над пареа го растопуваме црното чоколадо.
Во трет сад со матење ги соединуваме кондензирано млеко и маскарпонето.
Кога кремот е изладен ги соединуваме овие состојки.
Го делиме одприлика на половина и во едниот дел ставаме црно чоколадо
На тајнир за сервирање ја ставаме првата кора
Врз неа нанесуваме жолт крем
Редиме свежи малини
Врз малигните нанесуваме од чоколадниот крем
Покриваме со 2 кора
Го ставаме остатокот на жолт крем
Повторно редиме малини и ливчиња нане
Со остаток на чоко крем ја завршуваме декорацијата
Оставаме во фрижидер да се излади тортата, па ја послужуваме во овие летни горештини.