Испечати

Филета сина ајкула во Air Fryer

Филета сина ајкула во Air Fryer

Состојки

  • по желба филети сина ајкула
  • зачини - сол, црн бибер, лук во прав, рузмарин, помалку оригано
  • маслиново масло
  • кечап или густа доматна паста
  • сок од лимон

Подготовка

Вака навидум едноставно спремено изгледа, но јас пред да го имам Фрaерот не знаев како да се осмелам да ја зготвам оваа риба, а со него беше лесно, брзо, ефикасно и вкусно. Секако, ситните додатоци го дополнуваат вкусот. Состојките не се со мерка, бидејќи нема потреба од тоа, а еве го мојот начин-

1. Филетата сина ајкула ставете ја во чинија, посолете ја убаво и истријте ја солта. Потоа наросете бибер и лук во прав (јас сум купила една таква мешавина во едно шишенце) , па рузмарин и малку оригано.

1. Доматната паста или кечапот ставете ги одозгора. Можe да се осмелите да ставите свеж домат, јас се одлучив вака дека во Фрејерот ќе се спрема и не згрешив, вкусот дополнително прекрасен. Вклучете на 180С 20 минути.

Кога е готова, сервирајте ја со прилог во чинија и одозгора исцедете сок од лимон.