Цимет- чили кон карне
Состојки
- 300 гр црвен грав
- 250гр мелено месо
- 1главица кромид
- 2-3 чили пиперчиња
- 2чешниња лукче
- 100 мл зејтин
- 1паковка сос за чили кон карне
- 300мл вода
Подготовка
Во овој рецепт морам да ја спомнам мојата ќерка Елена. Таа го спреми овој убав ручек. Ни се допадна мешавината на вкусови, па си го вдомивме рецептчето.
1. Во тавче на оган запржете го пасираното кромитче и лукче. Додајте го меленото месо, па пржете. Зачинете со феферончињата и циметот.
2. Откако месото ќе ја смени бојата, додајте го црвениот грав. По кратко пржење, во тавата додајте ја разматената паковка зачин за чили кон карне. Промешајте добро, па оставете да покрчка заедно на тивко околу 15 минути.
Служете топло. Да бидам искрена мене и ладно не ми е лошо. Кога е топло,тогаш повеќе се чувствува вкусот на фефероните.
Нека ви е на здравје.