Испечати

Пијани ракчиња

Пијани ракчиња

Состојки

  • 500 гр ракчиња
  • 1главица лук
  • 1/2 китка магдонос
  • 100 мл пиво
  • 100 мл маслиново
  • 1 лимон сокот

Подготовка

За љубителите на морската храна. Вкусна и брза подготовка на ракчиња. Ракчињата се мијат убаво и се ставаат во топла посолена вода да зовријат. Вријат 15 минути. После 15 минути вриење, со лажица со дупки се вадат од тенџерето и се ставаат во длабока чинија.
2. Настрана во друг сад се сецка ситно магдоносот. Лукот истолчете го а потоа замешајте го магдоносот. Додајте го сокот од лимонот, пивото и маслиновото масло. Промешајте убаво. Додајте ги ракчињата во сосот и служете ги.

Моите деца не го сакаат многу лукот, па јас еден дел ги потопив во сосот, а еден дел ги оставив така.

Нека ви е слатко.