Испечати

Кикирики срциња

Кикирики срциња

Состојки

  • Состојки
  • 200 гр путер од кикирики
  • 200 гр несолен путер
  • 200 гр мелени бисквити со путер
  • 200 гр темна чоколада со 75 % какао
  • 50 гр мелени несолени кикирики
  • Состојки за прелив
  • 50 гр бела чоколада
  • 2 лажици путер
  • За поросување потребно е малку цимет

Подготовка

Едноставен десерт, кој се подготвува за кратко време.
1. Путерот заедно со чоколадата се топат на пареа. Се трга на страна и после 2-3 минути се додава и путерот од кикирики. Се меша за да се спои се заедно.
2. Бисквитите и кикириките ги мелеме. Стопените путери и чоколадата се полеваат врз мелените бисквити и кикирики. Се меша заедно.
3.Смесата ја истураме врз хартија за печење и врз неа ставаме друг лист хартија.
4. Со сукало ја изедначуваме смесата со дебелина од 1 сантиметар. Вадиме со модла срциња и ги ставаме на страна . Смесата што ми остана од краевите ја ставив во хартиени корпи.
5. Се ставаат колачињата околу половина час во фрижидер.
6. Белата чоколада со путерот се топат на пареа и со овој прелив ги прелеваме срцињата. Одозгора ги поросив со малку цимет.