Испечати

Италијанска торта-Zuccotto

Италијанска торта-Zuccotto

Состојки

  • Основа
  • 2 паковки пишкоти
  • 150 мл еспресо и 50 мл кафе ликер
  • Полнење
  • 300 мл слатка павлака
  • 300 мл крем сирење
  • 50 гр сецканп плус 150 гр стопено темно чоколадо(мин 66% какао)
  • 150 гр тостирани толчени ореви
  • 5 лажици кандирана кора од портокал

Подготовка

Оваа прекрасна торта всушност е Фирентински десерт кој најверојатно бил инспириран од формата на најубавата катедрала во Фиренца-Санта Марија дел Фиоре(Дуомо). Ја имам правено тортава по неколку рецепти а вам ви го презентирам наједноставниот.
1. Прво оревите ги тостираме па ги толчиме.
Сад со овална форма го обложуваме со стреч фолија. 2. Ги мешаме еспресото и ликерот и секоја пишкота ја натопуваме во преливот па ги редиме исправени во садот.
3. Слатката павлака ја матиме додека стане цврста, па потоа го додаваме крем сирењето и убаво мешаме да се соединат. Ги додаваме оревите, сецканото чоколадо и кандираниот портокал. Смесата ја делиме на два дела и во едниот додаваме стопено чоколадо.
4. Во садот со пишкоти прво ја ставаме белата смеса и убаво па распоредуваме по краевите на садот. Во средината правиме дупка и го ставаме чоколадниот фил.Затвораме со пишкоти и тортата ја ставаме во ладилник околу 12 часови.
Ја превртуваме на чинија, наросуваме со какао и служиме ладна.
(мерка за шеќер не напишав бидејќи јас ја правев без шеќер, доколку сакате можете да додадете во павлаката)
На здравје!