Испечати

Вљубени цимет ролнички со ореви

Вљубени цимет ролнички со ореви

Состојки

  • За тесто
  • 180 мл млако млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 јајце
  • 50 гр шеќер
  • 60 гр растопен путер
  • 1/4 лажичка сол
  • 400 гр брашно
  • За полнење
  • 1 лажица цимет
  • 60 гр шеќер
  • 50 гр мелени ореви
  • 60 гр омекнат путер
  • За ванила прелив
  • 4 лажици слатка павлака
  • 2 лажици млеко
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила екстракт

Подготовка

Мекичко цимет пециво со ореви и превкусен ванила прелив. Ете такви се овие љубовни ролнички, љубов на прв поглед и вкус!

Подгототвка
1. Сите состојки за тестото ги ставаме во сад и замесуваме средно меко тесто кое го оставаме да стаса.
2. За полнењето ги соединуваме сите суви состојки.
3. Откако тестотот стасало го расукуваме во правоаголна форма.
4. Го премачкуваме со омекнатиот путер па го наросуваме со цимет смесата со ореви.
5. Сечеме ленти со ширина 3-5 мм, во зависност од тоа која големина на тавче ќе користите.
6. Секоја лента ја виткаме во ролат и ја легнуваме на тавчето. Тавчето ни е премачкано со путер.
7. Вака подготвените ролни ги оставаме да стасаат минимум 30 минути во зависност од температурата на просторијата, а може и до 1 час да стасуваат.
7. Ги печеме на 200 степени или 180 степени со вентилатор околу 20 минути.
8. Откако ќе подизладат ги прелеваме со ванила преливот.
9. За преливот ги соединуваме сите состојки, а густината си ја одредуваме по вкус и желба. Така да додадете си повеќе млеко ако сакате поредок прелив.