Овесни срциња
Состојки
- 150 гр овесни снегулки
- 50 гр ореви
- 50 гр урми
- 2 лажици какао
- 100 мл млеко
- 1 лажица мед
- 1 лажица кокосово масло
- 3 лажици кокос
- Чоколаден прелив
- 30 гр темно чоколадо со 70 % какао
- 1 лажица кокосово масло
Подготовка
1. Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20тина минути. Во блендер ги ставаме овесните снегулки и оревите, блендираме да се иситнат. Ги додаваме исцедените урми, какаото, млекото, медот и кокосовото масло. Во смесата го додаваме кокосот, промешуваме.
2. Смесата е малку леплива, ја ставаме врз хартија за печење, врз неа ставаме уште една хартија и смесата ја расукуваме во дебелина од 6-7 мм. Со калапче во форма на срце вадиме форми. Срцињата ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Ги печеме во загреана рерна на 170 степени само 5 минути. Ќе ви изгледаат како да се меки, но откако ќе се изладат ќе бидат одлични. Доколку ги печете подолго ќе бидат тврди.
3. Темното чоколадо го кршиме на коцки, го додаваме кокосовото масло. Го топиме на пареа. Со стопеното чоколадо ги украсуваме колачите.