Испечати

Срце еклери со ванила фил

Срце еклери со ванила фил

Состојки

  • За еклерите
  • 100мл Зејтин
  • 250мл Вода
  • 150гр Брашно
  • 4 Јајца
  • За филот
  • 2 Прашок за пудинг од Ванила
  • 6г.л. Шеќер
  • 700мл Млеко
  • 250мл Слатка павлака (хопла)
  • За декорација - шеќер во прав и чоколаден прелив

Подготовка

Припрема на филот -
1. Пудингот го вариме на класичен начин - Претходно прашокот за пудинг, шеќерот и мал дел од млекото ги мешаме, па ги додаваме во остатокот од млекото кое го ставаме да се вари. Го вариме пудингот со постојано мешање до згуснување. Го покриваме со стреч фолија за да не ни фати кора и го оставаме да излади.
2. Слатката павлака ја матиме, па ја соединуваме со изладениот пудинг - филот го ставаме во готварски шприц со додаток по желба и ги полниме еклерите.

Припрема на тестото за еклери -
1. Се ставаат во тенџере водата и зејтинот да зовријат, го додаваме брашното, мешаме до добивање на мазно тесто без грутки, кое го домесуваме на работната маса.
2. Го покриваме тестото со стреч фолија да не се исуши и го оставаме да излади.
3. Потоа ги додаваме јајцата едно по едно (миксираме со перките од миксерот за тесто или месиме) до добивање на еднолична глатка смеса.
4. Од смесата полниме во шприц и ги формираме еклерите во тавчето на кое имаме ставено хартија за печење. Овојпат јас ги формирав во форма на срце...едно поголемо и останатите помали.
5. Печеме на 200 степени околу 25-30 минути....и притоа НИКАКО не ја отвараме вратата на рерната.

Декорираме со шеќер во прав и чоколаден прелив.

На здравје!