Испечати

Пита со путер и фил од праз и сланина

Пита со путер и фил од праз и сланина

Состојки

  • тесто
  • 120мл млако млеко
  • 120мл млака вода
  • 1 јајце
  • 2лажици растопен путер
  • 20гр свеж квасец
  • 1лажиче сол
  • 1/2лажиче шеќер
  • Околу 450гр брашно
  • фил
  • 3 страка праз
  • 1 јајце
  • 150гр урда
  • 100гр сланина
  • Сол, бибер масло
  • За одозгора јајце, лен, сусам
  • 50гр путер за коричките

Подготовка

Прво го подготвуваме филот
1. На загреано масло го пржиме ситно сецкан праз, додаваме запржена сланина. Тргаме од оган и ги додаваме јајцето, сол, бибер, урда.
2. Во сад се ставаат квасецот, шеќерот, лажиче брашно и млакото млеко. Се промешува и се оставаат на страна состојките 5 минути. Потоа се додава вода, сол, путер, јајце и со вилушка се промешува.
Постепено се додава брашно и се замесува тесто помеко. Го покриваме и оставаме да стои само 10 минути.
3. Потоа го делиме на 10 топчиња Секое топче го расукуваме во мало кориче. 8 корички ги премачкуваме со путер. Ги редиме на 2 места по 5 корички, горната не ја премачкуваме
Од првото купче сукаме правоаголна кора, која ја поставуваме во намастен правоаголен плех. Врз неа го распоредуваме подготвениот фил. И од второто купче сукаме правоаголна кора. Ја поставуваме врз филот.
Краевите ги внесуваме навнатре, за да не се отвори при печењето. Одозгора премачкуваме со јајце. Посипуваме сусам и лен
Печеме околу 25 м во загреана рерна.
Сервираме топла.