Потпечени домашни кори со додатоци
Состојки
- 250-300 гр домашни кори
- 250 гр сирење
- 250 гр салама
- 200 гр тврд кашкавал
- 1 најмала конзерва грашок
- 4-5 јајца
- околу 350 мл јогурт
- сол, оригано, пимент
Подготовка
1. Сварете ги корите и исцедете ги од водата. Префрлете ги во намастена тава 25х35.
2. Сирењето издробете го, а саламата и кашкавалот исечкајте ги. Додадете ги во тавата заедно со исцедениот грашок. Измешајте убаво.
3. Јајцата изматете гие ги со вилушка и додадете го јогуртот. Додадете ги зачините и посолете. Прелијте ги корите и погрижете се преливот насекаде да навлезе. Варијацијата на состојките е за преливот да навлезе насекаде, иако не е страшно, но поубаво се спои и повкусни се.
Печете на 200С додека не фати убава кора одозгора.
Кога ќе ги послужите не заборавајте и по една чаша јогурт.