Павлова срце торта со малини
Состојки
- 3 белки
- 200 гр шеќер
- 1 лажица полна густин
- 1 лажица оцет
- прстофат црвена прехрамбена боја
- За фил
- 300 мл слатка павлака
- 3 лажици џем од малини
- 100 гр малини
- 50 гр аронија
Подготовка
Павлова торта, слатка, со крцкава подлога која се топи во уста. А пак многу посебен вкус и освежување и дава овошјето, во овој случај малините и аронијата.
Едноставно вљубување со секое вкусување...
Подготовка
1. Белките со шеќерот ги матиме со миксер додека да се згуснат. При крај на матење додаваме густин, прехрамбена боја и оцет па соединуваме со миксер.
2. Во тава ставаме хартија за печење и ја распоредуваме смесата со лажица.
3. Печеме во загреана рерна на 90 степени околу 1 час и без да ја отвораме вратата од рерна оставаме да стои нареден час или додека да се излади.
4. Слатката павлака ја матиме со миксер додека да се згусне.
5. Ја распоредуваме врз печениот шам, па потоа ставаме џем или мармалад од малини.
6. Украсуваме со малини и аронија.
Забелешка
Кога ќе го ставате шамот во тавчето оставете простор од страните за да не ви се залепи и да има убава форма, без ограничувања, бидејќи нараснува.