Ролнички со зденки и маслинки
Состојки
- 10 готови кори
- 2 јајца
- 200мл јогурт
- 150 мл масло
- Полнење
- 10 зденки
- 20 маслинки
- 50 гр сусам
Подготовка
Превкусни ролнички,направете ги и нема да погрешите.
1. Прво го правиме преливот, јајцата ги матиме со вилушка, го додаваме јогуртот и маслото.
Земаме една кора со четка ја премачкуваме со две лажици прелив. Ја превиткуваме на половина, повторно премачкуваме со преливот и ставаме една зденка пресечена на половина по должина и две маслинки пресечени на половинки. Надворешните страни од кората ги превиткуваме навнатре и виткаме ролна. Постапката ја повторуваме со останатите кори.
2. Готовите кори ги мачкаме со четка со преливот и ги наросуваме со сусам. Печеме во загреана рерна на 200 С околу 25 минути.
На здравје!