Лења пита со џем од сливи
Состојки
- Состојки
- 4 јајца
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша кисело млеко
- 1 чаша зејтин
- 2 чаши брашно
- 1 прашок за пециво
- 300 гр џем од сливи
Подготовка
Лења или мрзлива пита, во секој случај одличен десерт кој се подготвува доста едноставно, а вкусот ги задоволува и најприбирливите.
1. Се матат јајцата со шеќерот во пенаста маса.
2. Се додава киселото млеко, зејтинот и брашното измешано претходно со прашокот за пециво. На најмала брзина се мати со миксер.
3.Смесата се дели на два дела. Во четвртаста тава 35 на 25 сантиметри, подмачкана со путер, се истура половина од смесата и се става во загреана рерна на 180 степени. Се запекува за да порумени и да се формира кора одозгора. Тоа е отприлика после 12 минути печење.
4. Се вади питата од рерна и врз неа се премачкува џемот од сливи, рамномерно насекаде. Врз него се истура и втората половина од смесата и се враќа во рерна уште 15-20 минути.
5.Откако е печена питата се остава да олади и пред служење се посипува со шеќер во прав.
Чашите со кои мерев се од 200 милилитри. Важно е да се користи иста чаша.
Десерт за со добро јако кафе.