Испечати

Основен рецепт за Сладолед

Основен рецепт за Сладолед

Состојки

  • 1 дел
  • 4 Белки
  • 4г.л. Шеќер
  • 2 дел
  • 4 Жолчки
  • 4г.л. Шеќер
  • 3 дел
  • 500мл Хопла (млечна слатка павлака) ИЛИ 2 шлаг пени
  • плус додатоци по вкус - чоколадо, еурокрем, ореви, овошје, ванила екстракт....

Подготовка

Рецепт стар многууу години, малку подзаборавен бидејќи во денешно време има разноврсен избор на сладоледи за сечиј вкус и џеб. Ние дома обожаваме сладолед, па во зимските денови кога баш и нема толку избор, овој рецепт многу ни се наоѓа.
Вака се прави оној сладолед што ни го правеа бабите и мајките дома, а чиј вкус речиси и го заборавивме. Во оваа основна верзија можете да додавате се што ќе посакате, изборот е ваш.

Подготовката е едноставна -
1. Ги матиме белките со шеќерот до згуснување.
2. Ги матиме жолчките со шеќерот до згуснување. Доколку не сте сигурни во изборот на јајца, тогаш можете да ги изматите жолчките и шеќерот на пареа, па да се изладат пред соединување.
3. Ја матиме и слатката павлака.
4. Сега ги соединуваме првиот и третиот дел, добиената смеса јас ја поделив на два дела... Може и на повеќе, доколку решите да направите повеќе комбинации.
5. Во едниот дел рендаме 100грама млечно чоколадо.
6. Во другиот дел го додаваме вториот дел (со жолчки) и додаваме 2-3 лажици еурокрем.
7. Ставете во пластични садови и оставете го најмалку 6 часа во замрзнувач пред да се послужите.

Често го правам на следниот начин - откако ги соединувам првиот и третиот дел, го делам на 3 дела. Во првиот додавам 100гр стопено чоколадо, во вториот ги додавам жолчките, а третиот останува бел. Во сад го ставам првиот дел, посипувам мелени ореви, па делот со стопено чоколадо, и на крај белиот дел.

Уживајте во овој неодолив вкус, кој верувам дека многумина ќе ги врати во едно убаво време од детството.