Медено срце (посно)
Состојки
- Суви состојки (чаша за мерење од 200мл)
- 2 чаши брашно
- 1 чаша шеќер
- 1 пециво
- 1 ванилин шеќер
- пола лажичка сода бикарбона
- 1 мала лажичка цимет
- 2 мали лажички какао
- Течни состојки
- пола чаша масло
- 1 чаша минерална (кисела) вода
- 3 големи лажици мармалад (од кајсии)
- 1 голема лажица мед
- За премачкување 4-5 големи лажици мармалад
- Глазура
- 100гр чоколадо за готвење
- 1 голема лажица маргарин
- 2 големи лажици масло
Подготовка
Брз и лесен за правење, мек и сочен....фантастично вкусен колач за целото семејство. Пробајте го
1. Во длабок сад за матење ги ставаме сувите состојки, мешаме да се соединат убаво.
2. Потоа ги додаваме течните состојки, миксираме да се хомогенизира смесата.
3. Во намрсено и побрашнето тавче - број 26 ја истураме смесата (во овој случај јас користев тавче во форма на срце)
4. Вклучете ја рерната на 200 степени, нека се загрее, па ставете го колачот да се пече. Јас печев околу 20-25 минути (проверете со чечкалица)
5. Премачкуваме рамномерно насекаде со мармаладот, па врз мармаладот ја ставаме чоколадната глазура.
6. Нека олади колачот, па пресечете парчиња и послужете.
Забелешка - доколку немате минерална вода во моментот, можете да го направите колачот и со обична вода. Исто така, ако не ви е битно дали е посен колачот, тогаш можете да ставите млеко наместо минерална вода.