Испечати

Пица со бешамел сос, спанаќ и сланина

Пица со бешамел сос, спанаќ и сланина

Состојки

  • тесто
  • 15гр свеж квасец
  • 1/2лажиче шеќер
  • 1лажиче сол
  • 2лажици масло од семки од грозје
  • 180мл млака вода
  • 340 до 350 гр брашно
  • За премачкување- 2 лажици маслиново масло, оригано или мајчина душица, лукче
  • фил
  • 2лажици масло
  • 1,5-2лажици брашно
  • 250-280мл млеко
  • морско оревче, сол, бибер
  • 1 голем грст исчистен спанаќ
  • 200гр кашкавал
  • 1-2лажица младо сирење
  • ленти сланина- 3,4

Подготовка

1. Прво во сад ги ставаме водата, шеќерот и квасецот. Додаваме лажиче брашно, промешуваме
Оставаме да одстои 5 минути Потоа додаваме сол, масло и постепено брашно, не цело оддеднаш. Треба да добиеме по малку лепливи тесто, значи да биде замесено понамеко
2. Врз тестото ставаме, 2- 3 капки масло и го оставаме покриено да се дуплира. Го премесуваме уште 1 или 2 пати.
3. Во тава на мнооогу тивок оган го загреваме маслиновото масло. Тргаме од оган и му додаваме оригано, или лукче или мајчина душичка, за да се ароматизира.
4. Во сад ставаме масло и додаваме брашно. Запржуваме многу кратко. Додаваме млеко и постојано мешаме со жица за матење. Додаваме и зачини. Додека е топол сосот го додаваме сецканиот свеж спанаќ, ренданиот кашкавал и младото сирење.
5. Сега од тестото може да формираме 1 голема или 2 помали пици. Со четка тестото го премачкуваме со ароматизираното маслиново масло. Врз него го нанесуваме подготвениот фил. Распоредуваме и парчиња сланина
Печеме околу 15 мин на 200с
Сервираме топло

Пробајте ја оваа несекојдневна пица, која ќе ве освои со својот вкус