Испечати

Солени стапчиња со таан и мед

Солени стапчиња со таан и мед

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажиче мед
  • 1лажиче сол
  • 50гр таан
  • 1лажица маслиново масло
  • 200мл млака вода
  • Околу 280 гр брашно
  • За валкање на стапчињата
  • 250 мл вода +1лажиче мед
  • За одозгора, сусам, лен, сол

Подготовка

1. Во сад ставаме млака вода, мед, брашно малку и квасецот. Промешуваме и оставаме на страна. Од кога ќе запени квасецот, во садот ги ставаме маслиновото масло, сол, таан и промешуваме со вилушка. Постепено додаваме брашно и замесуваме средно тесто. Го покриваме и оставаме 30 минути на топло.
2. Потоа тестото го делиме на 2 топки. Ги сукаме во правоаголни кори. Со нож ги сечеме на траки, широки по 1 цм. Со рацете малку ги заоблуваме. Секое стапче го потопуваме во водата, во која е растворен медот. Потоа ги валкаме во соединети лен и сусам.
Ги редиме во тава, која е обложен со хартија за печење. Одозгора ги попрскуваме со сол.
Тавата ја оставаме на топло, 15 минути.
Потоа ги печеме во загреана рерна на 180 с околу 25 минути.
Сервираме топли.