Испечати

Мешана компир салата ( посно )

Мешана компир салата ( посно )

Состојки

  • 4 компири
  • 1 конзерва туна
  • 1 морков
  • 2 зелени пиперки
  • 50 гр зелени маслинки
  • 50 гр црни маслинки

Подготовка

Здрава салата која може да замени еден оброк, на пример вечера.
1. Ставете ги компирите и морковот нека се сварат.
Исецкајте ги на парчиња кои вас ви одговараат.
Туната исцедете ја и помешајте ја со компирите.
Ако ја исцедите туната, тогаш користете маслиново масло за зачинување. Ако ја оставите со маслото, доволно е.
2. Додадете ги двата вида на маслинки. Јас користев маслинки без семка. Можете да ставите и суви маслинки зачинети со лимон и ловор лист. Одлично се вклопува нивниот вкус.
3. Пиперките измијте ги и исецкајте ги во помали парченца. Помешајте ги и нив во салатата.
Посолете по вкус и наросете свежо мелен црн бибер.
Не ставив масло, зашто доволно беше маслото од туната.
Ако сметате дека треба додадете уште малку.
Нека ви е слатко.