Брза пица со кулен
Состојки
- За тесто
- 1 јајце
- 4 лажици кисела павлака
- 70 мл масло
- 300 гр брашно
- 1 лажичка пециво
- 50 мл млеко
- Останати состојки
- 2-3 лажици ајвар
- 150 гр кулен или чајна салама
- 200 + 50 гр кашкавал
- оригано по вкус
Подготовка
Брз и вкусен оброк, особено кога недостасува леб дома.
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 200 степени.
2. Сите состојки за тестото ги соединуваме со миксер или на рака.
3. Го расукуваме тестото во големина на тавчето во кое ќе ја печеме пицата, кое претходно сме го намрсиле со масло. Го ставаме во тавчето.
4. Тестото го премачкуваме со ајвар или кечап, редиме кулен и кашкавал исечкани на коцки и посипуваме со оригано.
5. Ја ставаме да се пече во загреана рерна со вклучен вентилатор.
6. Откако ќе се испече ја вадиме од рерна, ја наросуваме со рендан кашкавал и ја враќаме во рерна колку да се растопи кашкавалот.
Забелешка
Можеби ќе ви треба повеќе рендан кашкавал, ама тоа сепак како и сите останати состојки ги ставаме по вкус.