Орев торта со чоколадо (без печење)
Состојки
- 400 гр кисело млеко
- 200 гр шеќер
- 100 мл слатка павлака
- 20 гр ванилин шеќер
- 400 гр мелени бисквити
- 400 гр мелени ореви
- 100 гр рендано чоколадо
- какао по вкус
Подготовка
Превкусна торта особено за љубители на ореви, која не се пече. Брза за подготовка, само да ги имате потребните состојки и за кратко време е спремна за сервирање.
Подготовка
1. Шеќерите ги ставаме во киселото млеко и со рачна маталка мешаме додека шеќерот да се растопи.
2. Ја додаваме слатката павлака, мелените ореви и бисквити, соединуваме.
3. Го додаваме ренданото чоколадо, повторно ја соединуваме целата смеса.
4. Смесата ја редиме во калап кој е намрсен со путер.
5. Ја наросуваме со рендано чоколадо по вкус и желба.
Забелешка
Ако е потребно ќе додадете повеќе бисквити за смесата да ви стане компактна и посува.
Во дел од смесата ставив какао, па ја распоредував лажица од бел дел, лажица од какао дел, така се доби ефект на мраморна торта .
Дел од смесата ја ставив во калап за ролат, со дел направив бомбици кои ги валкав во мелени ореви, а дел ставив во калап срце.