Солена ружа, од готови кори со богат фил
Состојки
- 8 до 9 кори, или 250 гр
- 70 гр растопен путер за премачкување
- фил
- 1 страк праз
- 1 грст исчистен спанаќ,
- 2 јајца
- 200 гр урда
- 50 мл млеко
- 1 лажиче пециво
- сол, бибер, масло
Подготовка
Потребен е калап со обрач бр 24. Или може да се користи округла тава бр 24 која ќе биде обложена со поширока хартија за печење.
1. Прво калапот на дното и страните го премачкуваме со растопен путер. На дното ставаме една кора која и во висина ќе ги покрие страните на калапот. Ја земаме првата кора и со четка танко ја премачкуваме со путер. Сега ја собираме како хармоника. Мене ми излегуваа по 8 преклопени страни, но пожелно е да се преклопување пошироко, со цел малку после печењето да се гледа цветот, но тоа е... Наредниот пат на пошироко ќе виткам
2. Сега така здиплената кора ја завиткуваме мноогу лабаво како полжав и ја поставуваме во средината на калапот. На ист начин ја виткаме и втората кора. Ја поставуваме во калапот онаму каде што завршува првата кора. Постапката е иста со сите кори. Меѓу корите гледаме да има празнини, за да може да навлезе филот. Вака подготвен калапот го ставаме во рерна и печеме 10 минути, благо да зарумени.
3. Додека малку се запекува го подготвуваме филот. На масло го запржуваме ситно сецканиот праз. На крај го додаваме и спанаќот да се пропржи. Тргаме од оган Нека се подизлади, па додаваме сол, бибер, млеко, јајца, пециво, урда. Убаво соединуваме.
4. Го вадиме калапот од рерна, внимателно, жешко е. Е сега со лажица ставаме фил меѓу празнините.
Корите се кршливи и внимаваме. Кога е нанесен цел фил, калапот го удираме од масата неколку пати, за да навлезе филот насекаде. Го враќаме калапот во жешката рерна и печеме уште 20 минути, да зарумени питата. Внимателно го отстрануваме обрачот Питата ја ставаме на решетка да се подизлади.
Сечеме на парчиња и послужуваме со јогурт.