Испечати

Банички со праз

Банички со праз

Состојки

  • 8 готови кори
  • 200 гр пржен праз
  • 100 мл кисела вода
  • ½ лажиче сол
  • 3 лажици масло

Подготовка

1. Во пржениот праз додаваме сол, промешуваме. Маслото и киселата вода ги ставаме во длабок сад.
2. Земаме по една кора. Ја преклопуваме да се добие триаголник. Врз кората ставаме една лажица од течноста, премачкуваме со четче по површината. На најдолгиот раб од кората, ставаме од филот. Виткаме во ролна, а потоа во кружна баничка.
3. Баничките ги редиме во тава обложена со хартија за печење. Врз секоја баничка ставаме по малку од преостанатата течност. Печеме во загреана рерна на 180 степени 15-20 степени