Колачиња со јаболко и суво грозје
Состојки
- 3 јајца
- прстофат сол
- 80 гр Шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 75 мл млеко
- 50 гр мед
- 70 гр путер(растопен)
- 1 пециво
- 300 гр брашно
- за декорација - 1-2 јаболка и 50гр суво грозје
- за посипување - шеќер во прав
Подготовка
Брзо се прават, вкусни се и декоративни. По структура се меки колачиња, нешто слично како ресаните. Пробајте ги
1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, прстофат сол, шеќерот и ванилата. Матиме со рачна маталка.
2. Го додаваме млекото, медот и растопениот путер. Пак матиме со рачна маталка да се соединат состојките.
3. На крај го додаваме пецивото и брашното (просеани). Сега смесата ја миксираме до добивање на хомогена леплива смеса.
4. Смесата ја ставаме во готварски шприц, и врз хартија за печење ги исцртуваме колачињата во форма на срце (може и округли)
5. Врз секое колаче ставете по неколку парчиња јаболко (тенко исечени) и суво грозје.
6. Печеме во загреана рерна на 180 степени - околу 15 минути.
7. Изладени ги посипуваме со прав шеќер.
Совет - доколку сакате можете уште топли да ги премачкате со мармалад од кајсии (стопен) па да ги наросите со кокос.
На здравје!