Ароматични крекери со рузмарин
Состојки
- 60 гр сончоглед
- 30 гр бадеми
- 5 лажици чиа семе
- 4 лажици ленено семе
- 1 лажиче рузмарин
- 50 гр јачменово брашно
- 50 гр ржано брашно
- ½ лажиче сол
- 2 лажици маслиново масло
- 230 мл вода
Подготовка
1. Во блендер ги ставаме бадемите и сончогледот, кратко блендираме, да не се иситнат целосно, да има и поголеми парченца.
2. Во длабок сад ги ставаме блендираниот сончоглед и бадеми, лененото семе, чиа семето, рузмаринот и солта. Промешуваме. Во садот ги додаваме ‘ржаното и јачменовото брашно, промешуваме. Во смесата ги додаваме маслото и водата, мешаме со лажица. Смесата ја оставаме да стои 15 минути.
3. Смесата ја ставаме во тава обложена со хартија за печење, смесата ја распределуваме во тенок слој. Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути, зависно од рерната проверете, времето на печење може да биде пократко или подолго, крекерите треба да бидат крцкави. Откако ќе се изладат со раце ги кршиме во големина по желба