Испечати

Француски кроасани со чоколада

Француски кроасани со чоколада

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 250 - 300 мл топла вода
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • За полнење: 100 гр чоколадо по избор, 10 лажички еурокрем по избор, шеќер во прав по желба
  • 250 гр путер

Подготовка

Овие кроасани ми се готварска желба долго време, ги гледам по интернет и им се воодушевувам. Решив конечно да ги спремам, да ги фотнам и да се вратам на момент во ова прекрасно друштво кое многу ми недостигаше низ минатите неколку години. Се надевам ќе успевам да наоѓам повеќе време за повторна дружба. И се надевам ќе ви се допадне овој мој повратнички рецепт :)
Уживајте!

1. Околу 150 мл од водата се зафаќа со свежиот квасец, се додава малку брашно и шеќерот за да надојде квасната смеса. Потоа, откако ќе надојде, се меси тесто кое не треба да е многу тврдо, но ни премеко и кое не се лепи на рака. Отсавете го да одмори откако ќе го замесите.
2. Во меѓувреме, малку отстојаниот путер на собна температура, исечете го на помали парчиња и ставете го на едната страна од поголемо парче хартија за печење. Со другата страна преклопете го и расучете го, да се измазни и да добиете рамна површина (како на дополнителните фотки). Исечете го од страните да добиете рамен квадрат. Ставете го во фрижидер, на рамно, да отстои малку.
3. Потоа земете го готовото тесто, расукајте добра правоаголна кора. На едната страна ставете го квадратот од путер и преклопете. Расукајте пак во правоаголна форма, така преклопено. Постапката со преклопи-расукај повотрете ја вкупно 3 пати. Последната правоаголна кора што ќе ја добиете, ќе биде со неправилен облик, па изечете ја за да добиете правилен правоаоголник.
4. Правоаголникот исечете го на триаголници (како на фотката долу). Јас добив вкупно 10 кроасани. По желба, ставете на секој коцка чоколадо и лажиче еурокрем. Завиткајте како кифличка. Ставете на намрсена тава, премачкајте со јајце и печете на 150 степени (кај мене и со вентилатор) околу 30 минути.
Кога корасаните ќе поруменат, извадете и оставете малку под крпа да одморат.

По желба посипете со шеќер во прав.