Испечати

Основна смеса за ситни домашни колачи

Основна смеса за ситни домашни колачи

Состојки

  • 1200 гр посни бисквити
  • 700 мл шербет
  • 2 посни маргарини
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • желе бомбони
  • крем бананчиња
  • сецкани ореви, лешници
  • портокал
  • 5-6 чоколади за готвење

Подготовка

Еден период од мојот живот моето хоби беше и мој извор на финансиски средства, а морам да признаам дека уживав додека сите овие ситни колачи ги правев секојдневно.
Би сакала со вас да споделам рецепт за основата на сите овие превкусни колачи.
Користиме постојано посни бисквити заради тоа што тие не нарастуваат кога ќе се додадат шербетот и маргаринот секако.
1. Најпрво ги мелеме бисквитите во блендер, рачен сецко кој во што има, ама ако ништо од ова немате тогаш ставете ги во чиста кујнска крпа и со сукало искршете ги.
2. Во меѓувреме го правиме шербетот- 800 гр шеќер и 700 мл вода, ги додаваме кесичките ванилин шеќер  и го оставаме да се олади.
3. Во измелените бисквити го ставаме маргаринот, и месиме додека не се соедини, и постепено додаваме од ладниот шербет. Месиме додека не добиеме убава смеса.
4. Понатака смесата ја делиме на повеќе делови и во секој ставаме она што сакаме.
Уште не напоменав потребни се метални калапчиња.
Јас ставав ресани, крем банани, желе бомбони и се она што имате или јадете вие можете да ставите.
На секое калапче пред да го правиме ролатот ставаме најлонска фолија за подобро да може да се извади подоцна ролатот од бисквити.
Откако ќе ги направиме убаво ги стегаме и ги ставаме во фридижер односно во комора да се стегне убаво.
После тоа додека се сеуште ладни, ги мачкаме со растопено чоколадо, и сечеме еднакви парчиња.
Декорираме по желба, јас и цветчињата, панделчињата си ги правев дома од фондан.
Се надевам дека ви се допаѓаат, иако имам многу слики кои не би можела да ги споделам со вас, ама се надевам и со овие успеав да ви доловам .