Испечати

Орев колачиња(очиња)

Орев колачиња(очиња)

Состојки

  • 300 гр мелени ореви
  • 150 гр шеќер во прав
  • 2 лажици какао
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • сок од еден лимон
  • Полнење
  • 1 белка
  • 3 лажици шеќер
  • зрна суво грозје

Подготовка

Рецептов за овие превкусни колачи е многу стар и проверен многу пати. После долго време повторно ги правам и секако вкусот е одличен.
1. Од сите наведени состојки(без состојките за полнење) се меси смеса и се прават топчиња со големина на орев. Се редат во тава обложена со пекарска хартија. Во секое топче во средината се прави вдлабнатина.
2. Белката ја матиме со шеќерот во цврст шлаг. Вдлабнатината од секое топче ја полниме со шлаг и ставаме по едно зрно суво грозје.
3. Печеме(сушиме) во загреана рерна на 100 С околу 15 минути.

Оставете убаво да оладат и послужете.
На здравје!