Испечати

Поховани топчиња од пире(со сирење и праз)

Поховани топчиња од пире(со сирење и праз)

Состојки

  • 3 компири
  • 1 страк праз
  • 50-100 гр сирење
  • 1 мл пециво
  • по потреба брашно
  • по вкус сол, мешан сув зачин
  • За поховање
  • 1 јајце
  • по потреба лебни трошки
  • за пржење - масло

Подготовка

Превкусни и брзи, идеални за мезе...

1. Компирите ги вариме, па ги гмечиме со лажица за пире. Посолуваме и додаваме мешан сув зачин.
2. Празот го миеме и сецкаме ситно (јас во Делимано сецкото), па го додаваме кај пирето од компири.
3. Сирењето издробете го со вилушка или изрендајте го, и него додадете го кај компирите и празот.
4. Додадете 1 мл пециво и формирајте бомбици. Доколку смесата не е доволно компактна за формирање на бомбици, додадете малку брашно.
5. Вака оформените топчиња ги поховаме прво во јајцето, па во лебните трошки.
6. Пржиме во загреано масло на средна температура, превртуваме и од другата страна убаво да се испржат.
7. Извадете ги врз хартиена салфета.

Послужете ги топли, иако и ладни се супер.
На здравје!