Испечати

Млечен леб

Млечен леб

Состојки

  • 350 мл млеко (млако)
  • пола коцка квасец
  • 1 мала лажица шеќер
  • 2 мали лажици сол
  • 550 гр брашно
  • за премачкување
  • 2-3 големи лажици масло за готвење

Подготовка

Домашен крцкав млечен леб, а сепак мек и многу вкусен... Пробајте го.

1. Во длабок сад го ставаме квасецот, шеќерот и дел од млекото. Оставаме кратко, додека да се активира квасецот. Потоа додадете го брашното измешано со солта. Замесете меко и нелепливо тесто.
Оставете го покриено 10-на минути да одмори.
2. Пак го премесуваме тестото. Овојпат го оставаме да стаса околу 40-на минути во топла просторија.
Тестото поделете го на 2 дела (или ако сакате направете едно поголемо лебче - по желба) Од секој дел расукуваме правоаголна кора, со димензии кои ќе одговараат на должината на тавата кадешто ќе го печете лебот (јас користев тава со димензии 33х20). На краевите засекуваме на неколку места, и замотуваме како ролат.
3. Двете лебчиња ги ставаме врз хартија за печење. Ги премачкуваме со масло за готвење, ги покриваме и ги оставаме да стасаат. Потоа печеме во загреана рерна на 200 степени, додека да поруменат.
Откако ќе ги извадиме, пак ги премачкуваме со масло за готвење. Покријте ги со чаршафче, нека истине 10-на минути, па може да уживате во неговиот вкус.

На здравје!