Ролат од обланда
Состојки
- 1 лист обланда
- 100 гр желе бонбони
- 100 мл млеко
- 100 гр мелена плазма
- 100 гр мелени ореви
- 100 гр маргарин
- 100 гр шеќер
- 1 ванила
Подготовка
1. Се зема еден лист обланда и се става мегу 2 навлажнети со вода крпи за да омекнат.
2. Во тенџере се става млекото и шеќерот и се загрева до вриење.Потоа се додава маргаринот и тој се остава да се стопи. Кога ќе се добие еднолична смеса се додаваат мелената плазма, оревите и ванилата. Убаво се меша и се остава да олади 2-3 мин.
3. Се вади обландата од влажната крпа и се филува целата обланда со филот. Над филот се расфрлуваат исечканите желе и се прави ролат.Се остава на собна температура да се исуши обландата за подобро да се исече.