Лимон колачиња
Состојки
- 2 јајца
- 200 гр шеќер
- 50 гр маргарин
- прстофат сол
- кора од 1 лимон
- 40 мл масло
- 1 ванила
- 350 гр брашно
- 1 пециво
- 2 лажици сок од лимон
- шеќер во прав и кристал за увалкување
Подготовка
1. Се матат јајцата заедно со шеќерот, маргаринот и маслото. Се додаава ванилата,кората и сокот од лимонот и на крајот полека се промешува брашното, пецивото и солта. Кога ќе се добие убава глатка смеса ,се става во фрижидер да олади.
2. Колку е поладна и тврда смесата,толку е подобро. Лесно ќе се обликуваат топчињата и убаво ќе се испечат така да се добијат распукани ефект.
3. Топчињата ги обликуваме со големина колку орев. Прво ги увалкуваме со кристал шеќер, па потоа со прав шеќер.
4. Се печат во загреана рерна на 180С-10-25мин.