Брза парена торта
Состојки
- Состојки
- 4 јајца
- 5 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 4 лажици гриз
- 1 прашок за пециво
- За попарување
- 600 мл млеко
- 6 лажици шеќер
- 2 ванилин шеќер
- Потребно е уште кокос за поросување
Подготовка
Брз и едноставен колач.
1.Ги двоиме жолчките од белките. Во белките додаваме 5 лажици шеќер и матиме со миксер во цврст снег. Ги додаваме жолчките една по една со постојано матење. На крај ги додаваме брашното, гризот и пецивото и со дрвена лажица се заедно мешаме.
2. Пандишпанот го печеме во загреана рерна на 180-200 степени оклу 25 минути.
3. 600 милилитри млеко загреваме на оган со 2 ванили. Кога ќе почне да врие додаваме 6 лажици шеќер и на тивко со постојано мешање млекото треба да врие околу 10 минути.
4.Оладениот колач го сечеме на парчиња и го полеваме со врелото млеко. Веданаш поросуваме со кокос(околу 30 гр. кокос). Оставаме да олади и потоа служиме со чаша јако кафе.
На здравје.