Цветови
Состојки
- 500 мл млеко
- 40 гр свеж квасец
- 10 лажици масло
- 1 лажица сол
- 4 лажички шеќер
- 1 јајце
- 750 гр брашно
- сусам, афион
- 100 гр маргарин
Подготовка
1.Во длабок сад се ставаат млекото, маслото, солта ,шеќерот, квасецот ...и се замесува меко тесто. Се остава да се дуплира.
2. Потоа се сука кора и се сечат кругови со голема чаша и мала чаша(види слика).
3. Се засекуваат и се лепат едно врз друго .Се оставаат да киснат се премачкуваат со јајце и се става по едно парченце маргарин.
Се печe на 200-20мин. Кога ќе се извадат од релна се премачкуваат со масло за да светат.
Пријатно!