Пилешко со праз
Состојки
- 1-2 страка праз (завсно од големината)
- 2-3 поголеми моркови
- 1/2 глава кромид
- 200-300 гр. пилешки стек
- 100 гр. путер
- околу 50 гр. маслиново масло
- сок од 1/2 лимон
- 1/2 л. пилешки бујон
- на вкус мајчина душичка, рака магдонос, бибер
- 1 лажичка сенф
Подготовка
1. Во тава заедно се стават маслиновото масло и путерот да се стопат, се намалува температурата и се додава исецканиот кромид. На тивко нека крчка - да не се испржи но да е омекнат и прозирен. Во тој момент се додаваат крупно исечените моркови и на подолги парчиња празот. Продолжува да се крчка но сега температурата зголемете ја. Нека вака врие околу 5 мин.
2. Празот и морковот заедно со кромидот со лажицата ставете ги на половината од тавата, а на другата половина ставете го исечениот стек - нека се пржи околу 3- 4 мин. - па заедно измешајте. Кога ке почне веке да се пржи врз него истискајте го сокот од лимонот, залијте со 1/2 л. пилешки бујон, додадете ги зачинките, сенфот - измешајте и оставете на тивко да се вари околу 15 мин. односно се додека е омекнато и останува само сос од сите сотојки. Не го оставате да е ретко, но не и да дојде до фаза на повторно пржење, да е сочно.
Значи јадењето не го солете воопшто затоа што бујонот ке го стори тоа.