Ќофте во домашен доматен сос
Состојки
- За сосот
- 400 гр црвен домат
- 1/2 лажиче оригано
- 1/2 лажиче сол
- За ќофтето
- 500 гр мешано мелено месо
- 2 лажици брашно
- 1 јајце
- 1 лажица лебни трошки
- 1лажица мешан зачин
- 1/2 лажица буковец
- 1 гранче свеж магдонос
- 1 главица кромид
Подготовка
1. Замесете го меленото месо со останатите суви состојки. Додајте и исецкан свеж магдонос. Оставете нека постои смесата околу 30 минути. Формирајте ќофтенца и пржете ги на потивко.
2. Кога се прженки, во истото масло додајте ги свежо пасираните црвени домати. Додајте сол и оригано. Нека покрчка. Покријте со капак и нека крчка на тивко, зашто водлесто е и ќе прска. Откако ќе видите дека се загустува, вратете ги ќофтињата назад во сосот. Нека покрчка уште малку, а потоа вадете и сервирајте.
Уживајте во ова слатко јадење.