Пакетчиња со тиква и брусница
Состојки
- 250 гр кори
- 600 гр сварена и исцедена тиква
- 3 јајца
- 2-3 лажици шеќер
- 1 пециво
- 1 лажица мармалад од кајсии
- 2 лажици гриз
- 100 гр сува брусница
- 50 мл масло
- шеќер за одозгора
Подготовка
1. Во еден сад ги соединуваме сите состојки за филот. Ја земаме првата кора, расфрламе од филот. Страничните страни ги преклопуваме навнатре, па уште еднаш преклопуваме и формираме пакетче.
2. Ги редиме во тава која е обложена со хартија. Јас оставив малку од едното јајце и ги премачкав пакетчињата со четка, па наросив шеќер. Ги печев 35 минути во загреана релна на 180 степени.
Испечени ги оставаме на решетка да се изладат.
Потоа сервираме и дегустираме.