Испечати

Мерак торта

Мерак торта

Состојки

  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици мед
  • 1 лажица свинска маст
  • 1 кафена лажица сода
  • 350 гр брашно или по потреба
  • За фил
  • 1 коцка маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 4 лажици шеќер
  • 150 мл млеко
  • 200 гр ореви
  • 1 пудинг од ванила
  • 300 мл млеко за пудинг
  • 100 мл врело млеко за потопување на корите

Подготовка

Прекрасна, уникатна, превкусна торта. Одзема малку повеќе време и бара трпение, но вреди да ја направите!

Подготовка

1. Во длабок сад изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете ги медот, свинската маст и содата. Матете со миксер уште неколку минути, а потоа додадете го постепено брашното и замесете тесто.

2. Тестото поделете го на 6 топчиња. Секое топче расукајте го со помош на оклагија, во форма на круг и секоја кора печете ја во тава околку 7-8 мин на 180 степени.

3. Во еден сад изматете го маргаринот со шеќерот во прав

4. Во сад на оган ставете го шеќерот да се растопи и зарумени, па додадете го млекото и промешајте. Овде додадете ги мелените ореви.

5. Во друг сад на оган ставете го млекото да зоврие, па додадете го пудингот и енергично мешајте додека да згусти.

6. Сите три фила ставете ги во еден длабок сад и соединете ги. Промешајте убаво.

7. Секоја кора потопувајте ја со врело млеко и филувајте ја тортата. Кора-фил-кора... итн. Одозгора премачкајте со преостанатиот фил и додадете мелени и сецкани ореви.

Декорирајте по желба

На здравје