Погача од кифлички со фета сирење
Состојки
- 250 мл млеко
- 1 лажичка шеќер
- 40 гр квасец
- 1 јајце
- 100 мл масло
- 1 лажичка сол
- 550 гр брашно
- За премачкување и полнење
- 100 гр путер
- 100 гр фета сирење
- 1 јајце
- сусам и ленено семе
Подготовка
1. Во сад со топлото млеко додадете го изронетиот квасец, една лажичка шеќер и 2 лажици брашно. Оставете да се активира околу 10 минути. Во сад соединете ги јајцето, маслото и солта. Додадете го брашното и стасаниот квасец и замесете мазно тесто. Оставете го тестото да надојде половина час.
2.Надојденото тесто поделете го на пет топчиња и од секое топче развлечете мала кора која ќе ја премачкате со путер. Редете ги едно над друго(последното не се мачка со путер) и од сите заедно развлечете голема кора. Сечете дијагонално и направете 12 или 16 триаголници. На крајот од секој триаголник ставете коцка фета сирење и мотајте како кифла.
3. Тавата во која ќе печете намачкајте ја со путер и наредете ги кифлите внатре. Оставете да надојде половина час. Премачкајте со јајце и наросете со сусам и ленено сем. Погачата се пече на 200 степени околу 20-25 минути.
На здравје!