Испечати

Здрав ручек со коприви и ориз

Здрав ручек со коприви и ориз

Состојки

  • Главни состојки
  • 1 кромид
  • 3 парчиња праз
  • 300 гр ориз
  • 300 гр коприви
  • 4 суви црвени пиперки
  • 3 компири
  • 3 кафени лажички киноа
  • 50 гр путер
  • Зачини
  • сол по вкус
  • црн бибер по вкус
  • 1 кафена лажичка буковец
  • 2 кафени лажички црвен благ пипер
  • 1 кафена лажичка сув зачин(вегета)
  • 1 кафена лажичка чиа семе
  • 1 кафена лажичка афион

Подготовка

Супер идеја за здрав ручек, ова е моја комбинација на состојки. Слободно можете и сами да си испробувате и импровизирате. Начинот на кој јас го подготвувам овој ручек е следниот.

1. Празот и кромидот се сечкаат ситно, јас го користам Џој сечкото од Делимано. Во нелеплива тава за пржење се става путерот кога ќе загрее се додаваат празот и кромидот се пржат на ниска температура кога ќе се запржат и омекнат се додаваат копривите кои се сечкани на поголеми парчиња, но претходно треба да зовријат на тивок оган (во зима користам претходно подготвени и замрзнати, може исто така да се користат и суви коприви), заедно се пржат да се соеднинат состојките и се додава оризот (може да се користи и интегрален ориз, но потребно е подолго време за подготовка), се пропржуваат уште малку и се додава киноата и зачините (сол, бибер, буковска пипер, блага пипер, чиа семе, вегета, афион и други зачини по ваш вкус).

2. Кога се добро ќе се соедини, се става смесата во тава за печење и се додава вода два прсти над оризот, се додаваат компирите кои претходно се сечат на кругови и се редат црвените пиперки.

3. Се става во претходно загреана рерна на 250 степени и се пече околу 20-30 минути, односно додека не испари водата и малку да се зацрвенат пиперките.

Така приготвениот ручек јас го сервирам со едно топче павлака.
Се надевам дека ќе Ви се допадне оваа здрава комбинација, пријатен ручек!