Испечати

Мини тарт пити со црвено овошје

Мини тарт пити со црвено овошје

Состојки

  • тесто
  • 1 јајце
  • 300 гр брашно
  • 200 гр путер(на собна температура)
  • 100 гр шеќер
  • крем
  • 250 мл млеко
  • 75 гр шеќер
  • 2 жолчки
  • 400 гр црвено овошје(јагоди, малини, боровинки...)

Подготовка

1. Брашното, шеќерот, путерот и јајцето се ставаат во сад и смесата се меси додека не се добие мазно и сјајно тесто. Тестото се сплескува во рамна кора со дебелина 1 цм и се става во најлонска фолија да стои во фрижидер 30 мин.

2. Откако ќе помине времето, тестото се сука до дебелина 5 мм. Во претходно намастени калапчиња се формираат мини питите.

3. Млекото се топли на тивок оган и во него се додава шеќерот. Внимателно се додаваат претходно изматените жолчки и се меша на оган додека не се добие густ крем.

4. Кошничките се полнат со иситнетото црвено овошје. Откако ќе се олади кремот, истиот се прелева над овошјето.

Се пече во загреана рерна на 190Ц - 25 мин.

На здравје!