Лисната пита со праз и пушено месо
Состојки
- 1 пакување лиснато тесто- 300 гр
- За филување
- 2 јајца
- 200 мл неутрална павлака
- 150 гр сирење
- 1 страк праз
- 2 мали главици кромид
- 20 гр путер
- 200 гр пушеници(сланина, колбавчиња,врат)
Подготовка
Одличен рецепт кој го добив од моите пријатели. Топло и вкусно подготвено лиснато тесто.
1. Во сад на оган ставете го путерот да се растопи. Празот убаво измијте го и исецкајте го на средни парчиња. Кромидот исто така исецкајте го. Јас го ставив во сецкото од Делимано. Запржете го кромитчето прво, а потоа додадете го празот. Покријте го со капак па оставете нека се динста со повремено промешување. Додајте го пушеното мевце и благо промешајте.
2. Во друг сад помешајте ги јајцата, павлаката и сирењето, па зачинете со сол и црн бибер. Кога е добро помешано, додајте гопретходно прженото.
2. Во плитка тава за тарт, постелете го листот од лиснато тесто. Формирајте го убаво околу тавчето,нека се распостеле добро. Истурете ја смесата во средина,па од остатокот одлиснатото покријте ја од горе, колку имате толку. Печете 40 минути на 200 степени. Убаво да се искрчка филот, а лиснатото да ја добие посакуваната црвенкава боја. Извадете кога е печено и декорирајте со кашкавал.
Ќе ви предложам чаша вино со оваа убавина.
Нека ви е на здравје.