Пита од ‘ржано брашно со праз
Состојки
- 450 гр ржано брашно
- 50 гр интегрално брашно
- 1 лажиче сол
- 4 лажици маслиново масло
- 250 мл јогурт
- 100 мл вода
- Фил
- 300 гр пржен праз
- 200 гр урда
Подготовка
1. ‘Ржаното брашно и интегралното ги ставаме во длабок сад, ги додаваме солта и маслиновото масло. Промешуваме. Со постепено додавање на водата и јогуртот замесуваме тесто. Го оставаме да се одмори 30 минути.
2. Тестото го премесуваме уште еднаш и го делиме на два дела. Од првиот дел сукаме тенка кора големината да одговара на кружна тава за печење бр. 28. Тавата ја премачкуваме со малку маслиново масло. Ја ставаме кората, со помош на раце ја распределуваме на дното.
3. Празот и урдата ги ставаме во слабок сад и промешуваме.
4. Филот го ставаме врз првата кора.
5. Со другиот дел од тестото ја повторуваме постапката. Ставаме сусам и со рака нежно притискаме за да не паѓа многу сусамот.
6. Печеме во загреана рерна на 180-200 степени околу 45 минути, зависно од рерната. Доколку забележите дека брзо потемнува ставете фолија и печете со неа. Јас после половина час ставив фолија